X
 08.09.2021 Живот

Студентски дом во Виена ќе биде дом на 200.000 пчели

Виена најде дом за над 200.000 пчели во градот. Овие пчели ќе живеат на покривот на студентски дом на иницијатива на „Виенер Безирксимкереј“, организација која се фокусира на одржување на колониите на пчели и производство на свеж мед во градот.

Пчелите ќе живеат на покривот на студентскиот сом „Виенабејз19“, а на зелената површина околу зградата ќе бидат засадени овошни дрвја и цвеќиња за да има доволно полен во текот на пролетта и летото.



Главната идеја на иницијативата е постепеното враќање на пчелите во урбаните средини и промовирање на биодиверзитетот.

За пчелите ќе се грижи „Виенер Безирксимкереј“, а се очекува да се произведуваат околу 60 килограми мед годишно. Дел од медот ќе им биде поделен на студентите што живеат во зградата.

Извор: The Mayor
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот