X
 12.11.2019 Живот

Сцени од новиот серијал на Би-би-си за природата што доживотно ќе ги паметите

Дејвид Атенборо снимил нов серијал за природата - „Седум света, една планета“. Гледачите во солзи ја проследија најтрауматичната епизода за природата, за која велат дека доживотно ќе ја паметат.

На една од потресните сцени еден орангутан се бори со багер, а стотици моржови паѓаат од карпа обидувајќи се да побегнат од поларната мечка. Оние што ја гледале епизодата во солзи го следеле егзодусот на моржовите. Веднаш потоа камерите се селат во Борнео, каде што осамен орангутан го брани дрвото додека го бркаат двајца луѓе и багер. Нивната борба не траела долго, багерот е посилен, руши сè пред себе и мајмунот паѓа.



Снимката од орангутанот всушност настанала во 2013 година, но минатата година бил поставен на фејсбук-страницата на организацијата „Меѓународно спасување на животните“.

- И покрај сите препреки што паднаа на него, нашиот тим успеа да го спаси орангутанот и да го премести на сигурно. За жал, сцените како оваа се сè почести во Индонезија. Поради уништувањето на шумите се уништуваат и живеалиштата на орангутаните, а животните се оставени да гладуваат и умираат - вели организацијата која го извлекла онесвестениот орангутан и му укажала помош.

Сцената со моржовите го прикажува нивниот пад од карпа висока 80 метри и плажа на која лежат стотици мртви моржови.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот