X
 31.05.2022 Живот

Чудо на природата откриено неодамна: Иако е тешко достапно, туристите сѐ почесто го посетуваат

Патување до Исланд за оние што се малку поголеми авантуристи - место со чиста природа, создадено од толку силно дејство на реката што влева страхопочит.

Ќе го најдете во источниот дел на Исланд, во долината Јокулдалур, наречен кањон Студлагил. Кањонот  ја добил својата форма со неверојатно силната акција на реката Јокла, долга 150 километри. До неодамна овде живееја само неколку локални земјоделци и странските посетители не знаеле за него. Поради својата сила и нивото на водата, на ова место не доаѓал никој затоа што областа се сметала за премногу опасна.

Дури откако во 2009 година била изградена хидроцентрала, ситуацијата се променила: нивото на водата на реката паднало и нејзината сила повеќе не била закана за луѓето. Некогаш силната река што течела низ кањонот носејќи тони песок и кал сега е мирна..

Поради своите камени формации, кањонот набрзо почна да привлекува голем број посетители. Ако некогаш сте сонувале да го посетите Преминот на џиновите во Ирска, истото можете да го доживеете на Исланд - кањонот Студлгаил е место со најмногу столбови на целиот Исланд.

island
Фото: Freepik

Водопадот Студлафос се издвојува со својата убавина, затоа не прескокнувајте го кога веќе сте заминале на истокот на земјата. За прошетката треба да си земете обувки за планинарење бидејќи теренот може да биде прилично незгоден. Потребни се 2 до 3 часа за заобиколување на кањонот, а се препорачува да го посетите во време кога на небото може да се забележи аурора бореалис.

Иако станува збор за место со неверојатна убавина што би привлекло илјадници туристи, за среќа на природата, нема многу посетители. Ова може да се припише на тешко достапната локација. Пристапот до кањонот не е многу лесен, а на патот до него има малку знаци. Исто така, тој е надвор од стандардните туристички маршрути, па многумина едноставно го прескокнуваат поради немање време.

Посетителите се предупредуваат да не оставаат ѓубре. Особено внимание треба да се обрне во текот на мај и јуни кога гуските ќе најдат место за несење јајца тука.

Исланѓаните советуваат да не доаѓате во овој период, туку кон крајот на летото кога реката добива помоќен изглед поради дождовите.



Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот