Нашиот најголемиот и најпознат македонски производител на природни овошни сокови, каши и пиреа „Вивакс“ повторно успешно се претставува на најпрестижниот светски саем за храна и пијалаци, со 100 годишна традиција - „Ануга“ во Келн, Германија. Околу 7000 изложувачи и повеќе од 150.000 посетители кои ќе имаат можност да ги дегустираат и македонските производи од брендот „Вива“.
Штандот на ВИВА, како и нивните високо квалитетни производи привлекуваат огромно внимание кај големиот број посетители, претставници на познати ланци маркети, дистрибутери, познати увозници, менаџери и сопственици на компании од целиот свет.
Покрај овошни сокови, познатата домашна компанија на Ануга во Келн ги нуди и високо квалитетните природни овошни каши добиени со преработка на свежо македонско овошје, јаболка, праска и вишна кои се употребуваат за производство на природни сокови, смути и детски овошни каши.
“Ануга е место каде се сретнуваат и учество земаат сите значајни фактори во прехрамбената индустрија, а Вива со својот препознатлив квалитет и иновативност веќе традиционално е дел од оваа приказна.
Учеството на саемот во изминатиот години како и високиот квалитет на нашите производи ни донесе како компанија извоз во над 20 земји, како што се Кина, САД, Канада, Кариби, Либија, Малта, Обединети Арапски Емирати и др. Тука е местото каде се прават првичните контакти за понатамошна соработка. На саемските манифестации од овој тип, насочени сме и кон размена на искуства и информации за идните трендови во прехранбената индустрија“ - изјави Ристо Јосифовски, управител на Вивакс.
Компанијата “Вивакс“ годинава промовираше нови газирани цитрусни пијалаци „Вива Спарк“. Уникатноста е дека овие нови производи во својот состав имаат многу повеќе свежо овошје кое брзо ја згаснува жедта и освежува.
„Вивакс“ оваа година одбележува јубилеј од 25 години постоење. Компанијата располага со најсовремена технологија и постојано ги следи трендовите во производството на сокови, континуирано вложува во модернизација на производствените процеси, современа организациона структура и тим кој брои повеќе од 110 вработени. Фабриката се наоѓа на локација со вкупна површина од околу 50.000 метри квадратни.