X
 16.12.2020 Живот

Нови и неодоливи Вива 100% цедени сокови

Усовршувајќи ја вештината на создавање овошни сокови и пијалаци, Вива го прошири своето портфолио во нова категорија на 100% цедени сокови. Овозможувајќи им максимално уживање на своите потрошувачи и користејќи ги најквалитетните јаболка и капини од македонско поднебје, новата категорија од 1 литар содржи два производи - 100% цеден сок од капина и јаболко и 100% цеден сок од јаболко. Цедените сокови се 100% природни, без додаден шеќер, вода и конзерванси.




- Со години го усовршуваме исклучителниот вкус и процес на создавање врвен квалитет на секој наш производ. Веруваме дека извонредниот квалитет на новите цедени сокови се должи, пред сè, на користењето овошја од македонско поднебје, посветеноста и ентузијазмот на нашите вработени, како и на користењето на најсовремената линија за преработка на свежо овошје и зеленчук во регионот. Со менувањето на начинот на живот се бараат и поавтентични производи, а истовремено здрави и полни со витамини кои ни даваат енергија во текот на целиот ден. Токму затоа, новите сокови ги будат убавите спомени на природно подготвените цедени сокови од нашите баби и мајки за секој период од денот - изјавија од менаџерскиот тим на Вивакс.




Новите цедени сокови се достапни во картонска амбалажа, со што компанијата е единствена на пазарот која произведува цедени сокови во еко-разградливо пакување.

Од своите почетоци до денес компанијата Вивакс стана препознатлив бренд по своите премиум Вива овошни сокови и пијалаци наменети за сите генерации, сопствената преработка на овошје и зеленчук и производство на каши, правејќи ја компанијата една од најуспешните во регионот и пошироко.


(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот