X
 08.10.2021 Живот

Доделени 135 стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ на студенти на УКИМ

По повод 120-годишнината од раѓањето на донаторот на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, првпат се доделени 135 стипендии за студенти во оваа академска година, објави УКИМ. Годишно секој студент ќе добие по 120.000,00 денари како поддршка за своите студии, доколку редовно напредува во текот на студирањето.

Во соопштението се нагласува дека иако првично било планирано да бидат доделени 40 стипендии, Одборот на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ одлучи оваа година бројот да се зголеми, односно да се поддржат сите кандидати што се пријавија на овој конкурс.

Стипендиите се доделија на редовни студенти кои оваа академска година се запишаа во прва година на прв циклус студии на факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје врз основа на постигнатите резултати и успехот во претходниот циклус на образование, и врз основа на достигнувања и мотивација за личен и професионален развој.

Фондацијата „Атанас Близнакоф“ e основана во 1977 година од еден од најголемите донатори од дијаспората. Стипендиите од Фондацијата се обезбедуваат од камати и од дивиденди на Фондацијата „Атанас Близнакоф” во Соединетите Американски Држави.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот