Денес е последен рок за поднесување документи на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола – УКЛО, како и на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“
Денес и утре се спроведува пријавувањето за упис во прва година на најстариот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Поднесувањето на документите за упис на факултетите се одвива онлајн.
На факултетите и институтите при УКИМ, прелиминарната ранг-листа со резултати од успехот од средно образование ќе биде објавена на 3 септември, додека конечната ранг-листа ќе биде објавена на 7 септември. Примените кандидати ќе се запишуваат на 10 и на 11 септември.
Кандидатите можат да се пријават денес и утре до 16 часот, односно ќе треба да ги пратат преку е-пошта скенирани документите во системот за електронска поддршка IKnow. Потоа ќе има прелиминарна ранг-листа, а потоа пак, по одреден протокол ќе ги носат оригиналните документи. Со годинашниот конкурс на 23. факултети има вкупно 10.798 слободни места. Од нив, 5.300 места се во редовната квота, а 4.438 се за кофинансирање на студиите. За вонредни студенти има 1.060 слободни места. Во државна квота се плаќа 200 евра годишно, во квотата со кофинансирање ќе се плаќа 400 евра.