Тешко е да се замисли влијанието на филмот „Егзорцист“ кога првпат бил прикажан во 1973 година со оглед на специјалните ефекти што се користат во хорор-филмовите денес. Но за публиката, култниот хорор-филм на Вилијам Фридкин бил нешто невидено. Како што може да се види во видеото подолу, илјадници луѓе брзале до киното за да го гледаат филмот, а многу голем дел од нив брзале и кога излегувале од салата пред да заврши филмот.
Краткиот документарен филм подолу покажува кадри од прикажувањето на филмот, кој бил многу популарен во тој период. Киносалите нуделе кафе за оние што чекале за да влезат, а нуделе и кеси за повраќање за оние што го гледале филмот.
Ефектите во „Егзорцист“ не се многу страшни според денешните
стандарди, но филмот предизвикал екстремни реакции кај оние што го виделе првпат пред повеќе децении. Многумина повраќале, се онесвестувале или бегале во фоајето. Некои киносали имале амбулантни возила пред влезот кои веднаш им нуделе медицинска нега на оние што тешко го „вареле“ филмот.
Автор: Мишел Дебчак
Извор:
mentalfloss.com
Фото: Screenshot