Трката за „Оскар“ за најдобар актер оваа година е доста остра, а веб-страницата „Koлајдер“ направи листа со 15 актери кои имаат шанса да го освојат најголемото признание во американската филмска индустрија.
Актерите се поделени во три групи на неизвесни добитници.
Во првата група спаѓаат:
Леонардо ди Каприо, „Си било еднаш во Холивуд“
Хоакин Финекс, „Џокер“
Адам Драјвер, „Брачна приказна“
Роберт де Ниро, „Ирец“
Втората група ја сочинуваат:
Еди Марфи, „Долемит е моето име“
Џонатан Прајс, „Двајцата папи“
Адам Сендлер, „Несечени скапоцени камења“ (Uncut Gems)
Aнтонио Бандерас, „Болка и слава“
Пол Валтер Хаусер, „Ричард Џувел“
Кристијан Бејл, „Форд наспроти Ферари“
Тарон Егертон, „Рокетмен“
Трета категорија:
Мет Дејмон, „Форд наспроти Ферари“
Мајкл Б. Џордан, „Само милост“
Бред Пит, „Ад Астра“
Роберт Патисон, „Светилник“
Ни преостанува да видиме кои ќе бидат официјалните кандидати на американската Академија на филмски уметности и науки и дали овие актери ќе бидат и на нивната
листа.