„Конструкт 42“ е името на првиот македонски краткометражен анимиран научно-фантастичен филм кој нè носи во далечната иднина и ја раскажува приказната за последните напори за спас на човештвото.
Филмот е во режија на Никола Ангелкоски, кој има работено на повеќе интернационални анимирани филмови. Гласовите на ликовите ги позајмуваат Кристина Тасева и Александар Алексовски. Монтажата ја врши Жарко Јуруков, а за музиката се задолжени Бојан Сенковски и Михајло Вуковиќ.
„Конструкт 42“ треба да ја има својата премиера во 2021 година.
Погледнете ја официјалната тизер-најава.