X
 01.04.2024 Култура

На „Нетфликс“ објавен филм базиран на вистинска приказна, а луѓето се воодушевени од него

Викендов на „Нетфликс“ пристигна филмот „Убавата игра“ (англ. The Beautiful Game) базиран на неверојатна вистинска приказна.

Дејството во филмот следи тим фудбалери бездомници за време на Светското првенство за бездомници. Бил Нај го глуми тренерот на тимот Мал, кој се обидува да го води тимот до светска слава на турнирот во Рим. Мајкл Вард го игра проблематичниот, но талентиран напаѓач Вини.

Иако филмот е инспириран од вистинското Светско првенство во фудбал за бездомници во соработка и со поддршка на фондацијата на турнирот, настаните прикажани во филмот се измислени. Оние што работеа на филмот велат дека користеле голем број различни приказни од реалниот живот за да помогнат во формулирањето на целокупното сценарио и заплетот.

- Светското првенство за бездомници е наш придонес во решавањето на проблемот со бездомниците низ светот, но има уште многу да се направи. Докажавме колку фудбалот може да биде моќен кога се применува на социјален проблем и ќе продолжиме да се трудиме да правиме повеќе - изјави претседателот и основач на Светското првенство во фудбал за бездомници, Мел Јанг.

Тој се надева дека филмот ќе инспирира повеќе луѓе да се приклучат и да ги поддржат идните светски првенства за бездомници.

Филмот пристигна на „Нетфликс“ на 29 март, а оние што веќе го погледнаа тврдат дека се работи за исклучително трогателен филм.

 

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура