X
 23.01.2024 Живот

Канибализмот не бил најлошиот дел, открива преживеан во несреќата претставена во „Општество на снегот“

Доколку сте летале со авион, можеби сте се запрашале што би се случило доколку авионот се сруши во изолирано место и вие преживеете. За една група патници, ова сценарио беше реалност.

Ова е познатата авионска несреќа во Андите во 1972 година, кога патниците што преживеале морале да се свртат кон канибализмот за да не умрат. Можеби мислите дека ова е најлошиот дел од искуството, но тоа не е така според еден од преживеаните.

Роберто Канеса бил еден од 45. луѓе што биле на несреќниот лет. Само 16 патници преживеале во несреќата и биле принудени да јадат месо од мртви патници за да преживеат 72 дена на планината. Според Канеса, јадењето на мртвите пријатели не било најлошиот дел од искуството, туку лавината.

- Бев жив закопан пет или шест минути мислејќи дека умирам. Бевме закопани таму четири дена - вели Канеса.


Тој открива дека целото искуство било страшно, особено со оглед на тоа што тие воопшто немале снег во Уругвај, а тогаш биле принудени да преживеат во ужасни временски услови.

Неодамна „Нетфликс“ почна да го прикажува филмот „Општество на снегот“ (Society of the snow), кој ја раскажува приказната на преживеаните. Режисерот Џ. А. Бајона откри дека биле направени долги интервјуа со преживеаните за да се извлечат сите детали.

- Црната урина е нешто што се јавува кога телото почнува да ги консумира органите наместо маснотиите. Затоа, всушност е многу иронично бидејќи тие (првично) одлучија да не ги користат телата и во тој момент ги консумираа сопствените тела - вели Бајона.


Извор: Unilad
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот