Некои работи можеби не се кажуваат, но за секој случај треба да се споменат... Имено, Белгиската агенција за храна издаде предупредување за јавното здравје за припадниците од католичка вероисповед кое гласи: Не јадете ја вашата новогодишна елка.
Необичната порака произлегла откако градот Гент, упориште на екологистите во регионот на Северна Фландрија во земјата, објавил совети за рециклирање на четинари на трпезата.
Ентузијастички укажувајќи на примери од Скандинавија, веб-страницата на градот сугерирала дека иглите може да се соголуваат, бланшираат и сушат - за употреба при правење путер со вкус.
На прашањето што мислат за идејата, одговорот од Белгиската федерална агенција за безбедност на синџирот на храна бил убедливо „не“.
- Божиќните елки не се предодредени да влезат во синџирот на исхрана. Нема начин да се осигуриме дека јадењето новогодишни елки е безбедно - било за луѓето било за животните. Покрај тоа, не постои лесен начин за потрошувачите да согледаат дали новогодишните елки биле третирани со некакво средство. Тоа може да има сериозни, па дури и фатални последици - се вели во соопштението на агенцијата.
Извор: sciencealert.com
Фото: Freepik