X
 08.04.2016 Живот

Која земја има најмногу даноци и политики против алкохолот и цигарите?

Финска е најрегулирана земја во Европа кога станува збор за алкохол, храна, е-цигари и закон за цигари. После неа е Шведска, Велика Британија и Ирска, вели новиот „Nanny state“ индекс објавен во вторникот.

 

пиење


Нордиската земја е „најлошото место во Европа за јадење, пиење и е-цигари“, вели „Epicenter“ кој го објави „Nanny state“ индексот.

Чешка е најмалку регулирана во овие области, а после неа се Германија, Луксембург и Холандија.

Индексот излегува со загриженост за политиките кои ги толкува како штетни за куповната моќ на потрошувачите. Тие можат да земат форма на дополнителни даноци, ограничувања и рекламирање на за производи или политики насочени кон „жигосување“ на потрошувачите.

Финска се наоѓа на врвот на индексот, бидејќи земјата има широк спектар на даноци за храна и пијалоци, на пример посебен данок за газирани пијалоци, чоколадо и сладолед. Исто така има ефективна забрана за продажба на е-цигари.

Аналитичарите ја рангираа Шведска како втора, а воглавно причината за тоа се должи на нејзината политика на алкохол, со што е единствената земја во ЕУ, заедно со Финска има забрана за рекламирање на алкохол на телевизија и на радио. Тие исто така тврдат дека Шведска има посебна репутација за патернализам.

Сепак, индексот не мери дали овие политики се ефикасни во подобрувањето на општата здравствена состојба на населението и нивната благосостојба.

Лаури Бекман, генерален секретар на „NordAN“ (Nordic Alcohol and Drug Policy) истакнува дека политиката на алкохол во Финска и Шведска функционираат.

Додека Финците и Швеѓаните постари од 15 години консумираат 11.1 литри и 9.4 литри алкохол годишно по глава на жител, населението на Чешка, Словачка и Португалија троши 13 литри.

„Индексот може да е корисен за забави на дипломците кои бараат евтини и лесни локации, за да имаат неограничена забава, но не кажува ништо корисно за земјите кои се борат со алкохол, пушење и дебелина кои не пронајдоа политичка волја да преземат нешто околу тоа“, вели Бикман.

Залагачите за здравјето велат дека даночните политики и политиките поврзани со здравјето се тесно поврзани со моделот на благосостојба на нордиските земји. Шведска и Финска се на врвот на другите индекси кои се фокусираат на среќа, економска благосостојба, очекувано траење на животот, здравјето на жените и децата и квалитетот на животот.

 

индекс

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот