Чорба од кобри, халуциногени корени и „KFC“ се некои од омилените јадења на најголемите диктатори во светот.
Во книгата „Dictators' dinners: a bad taste guide to entertaining tyrants“, Викторија Кларк и Мелиса Скот нудат неверојатен увид во омилените јадења, навиките на масата и справувањето со стравовите од труење на најголемите диктатори на 20-от век.
Ким Џонг Ил
Лидерот на Северна Кореја најмногу уживал во супа од ајкула и кучешко месо, како и во мастите. Тој верувал дека на овој начин тој се обезбедува со имунитет и сила. Исто така, тој бил еден од најлојалните клиенти на „Hennessy“ коњак. Имал и посебна група на готвачки кои воделе сметка за тоа сите зрна од оризот на неговата чинија да се со иста големина, форма и боја.
Хитлер
Хитлер вегетаријанец, што се должело на неговите идеолошки ставови, а и верувал дека исхраната без месо му помага во проблемите со хроничната надуеност и тврдата столица. Кон крајот на Втората светска војна, Хитлер јадел само пире и чиста супа. Тој имал и 15 луѓе задолжени за дегустација на храната - ако никој од нив не умрел во следните 45 минути, тогаш сам ќе започнел да јаде.
Сталин
Рускиот диктатор сакал традиционална грузиска кујна, која содржела ореви, бел лук, сливи, калинка и многу вино. Сталин уживал во игрите во кои имало пиење алкохол и по шест часа вечерал. Вечерата му ја приготвувале лични готвачи, меѓу кои бил и дедото на рускиот претседател Владимир Путин, Спиридон Путин.
Мусолини
Италијанскиот фашистички лидер обожавал едноставни салати од несецкан бел лук натопен со масло и сок од лимон. Француската кујна сметал дека воопшто не вреди. Сакал да јаде оброци дома, со сопругата Ракел и нивните пет деца. Оброците биле сервирани во точно одредено време, а сите морале да седнат на своите места пред на маса да седне главата на семејството.
Иди Амин
Злогласниот воен диктатор и претседател на Уганда уживал во печени кози, растителна маниока и леб од просо. Наводно јадел 40 портокали на ден, бидејќи верувал дека се „природна вијагра“. Подоцна, кога живеел во егзил во Саудиска Арабија, обожавал пица и KFC. Исто така уживал и во британските специјалитети и се навлекол на попладневен чај, а постоеле гласини дека бил канибал.
Пол Пот
Лидерот на смртоносните Црвени Камери од Камбоџа сакал да јаде дивеч, дива свиња, змии (наводно уживал во гулаш од кобри), свежо овошје, пиел бренди и кинеско вино. Тој уживал во луксузните бороци додека оние кои живееле под неговиот режим смееле да добијат само вода и неколку зрна ориз.
Николае Чаушеску
Романскиот комунистички лидер сакал да јаде вегетаријански лазањи прелиени со јајца помешани со кисела павлака, крап на романски начин и салата од домати, кромид и фта сирење со сочен стек. Чаушеску паничел кога храната не му била темелно проверена. На формалните случувањата ја фрлал на под храната која му ја севрирале.
Франсиско Масијас Нгуема
Првиот претседател на Екваторијална Гвинеја, која била под негово владеење сакал чај направен од лисја на канабис и халуциногени корен. Не се знае многу за неговото однесување на масата, но се претпоставува дека тој бил канибал кој чувал черепи во својот фрижидер.
Франсоа Дувалие
Познат како „Папа Док“, претседателот на Хаити и диктатор бил дијабетичар со срцеви проблеми и артритис кога дошол на власт кон крајот на 1950 година, а неговата сопруга морала да го храни со кашички до неговата смрт на 1971 година.
„Неговата идеја за забава после вечерата вклучувала слегување во затвор чии ѕидови биле обоени со крваво црвена боја, за низ шпионката да го гледа мачењето на неговите непријатели“, пишуваат Кларк и Скот.