Дури и во дигиталната ера постои нешто магично кога одите во книжарница. Некои од нив се антички и со прашина. Некои се нови и елегантни, а некои, пак, неочекувано, се изградени во огромни напуштени куќи.
Книжарницата „Педи Филд“ лоцирана во селото Ксиади во Кина е сосема поинаква од другите. Опкружена со оризови полиња, оваа напуштена куќа била редизајнирана за да ги задоволи потребите на љубителите на книгата.
Ксиади се наоѓа во кинеската провинција Фуџијан, блиску до границата со островската земја Тајван. Книжарницата го добила своето име поради полињата со ориз што ја опкружуваат.
Селото е старо над 800 години. Наместо да ги срушат градбите во селото, волонтерите ги реновираат и реставрираат. Голем дел од традиционалните структури, како храмовите, и понатаму се користат. Една од реновираните градби беше и книжарницата.
Книжарницата има над 7.500 наслови од различни жанрови - од уметност до општествени науки. Таа е специјализирана за книги за заштита на античките села, руралното образование и земјоделските цивилизации. Исто така, во неа се одржуваат уметнички изложби, театарски претстави и музички настани.