X
 15.06.2017 Култура

Колку луѓе настрадале во „Game of Thrones“?

За време на втората сезона од „Game of Thrones“, Арја Старк му вели на Тајвин Ланистер: „Секој може да биде убиен“. Реплика која совршено ја илустрира серијата.

smrt tronovi

Во периодот од шест сезони, фановите се соочија со голем број смртни случаи - од кралеви до селани кои биле убивани толку често што e чудно што уште имаме чувства. „YouTube“ каналот „Leon Andrew Razon Compilations“ состави интересно видео во кое ги прикажува сите убиства, обидувајќи се да ги наброи сите. Дури и да станува збор само за проценка, бројката која излезе е прилично неверојатна - дури 150.966 убиства/смртни случаи.

Гледањето на крвопролевањето може да биде возбудливо и/или депресивно, во зависност од тоа дали сте тажни за смртта на вашите омилени ликови.

Но, ова не е реалната бројка на жртвите за целата серија. Елио Гарсија, истражувачки асистент за авторот Џорџ Р.Р.Мартин во една прилика пресметал дека целото население на Вестерос е приближно 40 милиони луѓе. Војната на петте цареви (војна во која секој сака да владее со царствата од оправдани причини) повлекла армии од целиот континент во театрален конфликт, убивајќи илјадници во периодот од неколку години. Замислете ги сите убиства и обезглавувања кои не ги гледаме во серијата. Како моментот кога Грегор Клегејн убиваше низ едно село пред да започне војната.

Со овие информации, не е лудо да помислиме дека милиони луѓе починале низ годините, а серијата не прикажува многу работи на телевизија.

Седмата сезона започнува за еден месец, а таканаречената Голема војна треба да започне наскоро. И тука нема да учествуваат само кралеви и кралици. Ќе има и змејови и ледени зомби. Бројот на жртвите ќе биде уште поголем. Не се ни обидувајте да броите.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура