Никој не треба да се плаши, ниту да се срами да зборува за менталното здравје, без оглед дали станува збор за ментална болест или за нешто друго. Сите мораме да се штитиме и да се грижиме за нашето ментално здравје исто како што се грижиме за физичкото.
Ники Еванс, која страда од анксиозност, долго време се двоумела дали да го изнесе своето мислење и да приложи фотографии од тоа како изгледа нејзиниот животен простор. Таа постојано размислувала за тоа кој би можел да го види нејзиниот неуреден животен простор и дали тој би можел да наштети некому.
Постои голема разлика во тоа дали понекогаш чувствувате анксиозност или имате анксиозно нарушување. Ники вели дека многу пати им кажувала на луѓето дека страда од анксиозност, но никој вистински не ја слушал. „Кога некој ќе ви се пожали дека има анксиозност, немојте никако да му кажете дека и вие имате“, вели Ники.
Ова нарушување првпат било документирано во 14 век, а во медицинска смисла значи функционална абнормалност. Тоа е состојба на несигурност, страв, страв од паника, внатрешен немир, психомоторна напнатост, чувство дека ќе експлодирате. Кога ќе почне негативно да влијае врз вашиот секојдневен живот, тогаш зборуваме за анксиозно нарушување.
Еден единствен збор може да ја промени целата перцепција и да уништи сè. Анксиозноста кај Ники предизвикала промена на целиот живот. Кога си признала себеси дека страда од анксиозно нарушување, посетила доктор и работите тргнале на подобро.
Влијае врз секоја одлука
Сликите што ги прикажала покажуваат како ѝ изгледа животот. „Ми се гади од самата себе, го мразам моето однесување и неуредниот стан“. Единственото нешто што не било неуредно кај неа бил кафезот на нејзиниот ’рчко - го третира како принц и тој е единствената константа во нејзиниот живот. Знае и што мислат луѓето: „Како ти се случи ова, зошто ти е толку
несредено, жити сè исчисти. Срамота е, порасни“.
Но нема лесно решение. „Ако имате дијагноза на анксиозно нарушување, тоа влијае врз секој сегмент од вашиот живот и врз секоја одлука што ќе ја донесете. Би сакала да не е така“, вели Ники. „Но тоа е реалност со која се соочувам секој ден. Некогаш мојата реалност е видлива од надвор, некогаш не е“.