Без разлика на тоа дали станува збор за испраќање пораки, социјални медиуми или видео игри, децата денес постојано се на компјутер, таблет, iPad, телефон и се` останато што има екран.
Но, ова може да предизвика сериозен проблем; поради начинот на кој ги држиме нашите телефони, постојаното гледање надолу предизвикува болка во вратот.
Сара Ачисон, 14 годишно девојче од Литлтон, Колорадо има ваква болест. Откако постојано се жалела дека чувствува болка во вратот и грбот, откако била прегледана на болница било заклучено дека болката произлегува токму од уредите кои ги користи. Единственото нешто што и` помага е физикалната терапија и хиропрактор.