X
 07.11.2016 Здравје

Прекумерното грижење доведува до сериозни болести

Луѓето кои се анксиозни и многу се грижат навистина можат да добијат сериозни болести, покажуваат новите истражувања.


Новата студија открива дека луѓето кои се уверени дека нешто не е во ред со нив, и покрај сите докази дека немаат ништо, се посклони да добијат срцево заболување во наредните 10 години, за дури 73 проценти од оние кои не се грижат .

Норвешките истражувачи од Универзитетот „Берген“ велат дека резултатите на студијата им предизвикуваат дилеми во однос на третманот на ваквите пациенти, кои не покажуваат симптоми, но се сериозно загрижени за своето здравје.

Анксиозноста е позната како ризик фактор за добивање на срцево заболување. Истражувањата биле спроведени на 7.052 лица кои се во своите 50-ти години. Тие биле прашувани во врска со своето здравје, начин на живот и анксиозност. Биле следени 10 години и за тоа време оние кои пателе од анксиозност биле речиси два пати повеќе изложени на ризик од добивање срцево заболување (дури и оние кои не биле пушачи), од оние кои имале здрав начин на живот и немале анксиозност.

Карактеристичното однесување кај луѓето со анксиозност, како на пример повременото проверување на симптомите, не го намалува ризикот за срцеви заболувања, велат авторите на студијата.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје