X
 09.03.2020 Образование

Затвор за професори од Економски факултет за земање пари од студенти

Професорите Славе Ристевски и Драге Јанев од Економскиот факултет во Скопје се осудени на 2,5, а нивниот колега Бобек Шуклев на две години затвор за случајот „Еразмус“, односно за земање пари од студенти за полагање испити. Демонстраторот Драган Денковски доби условна казна од две години, а професорот Стојан Дебарлиев е ослободен од обвинението.

Судскиот совет денеска, покрај затворските казни, на осудените им изрече и мерка забрана за вршење дејност од 10 години.

Обвинителството ги товареше обвинетите дека во повеќе наврати во текот на 2015 и 2016 година, искористувајќи ја својата положба, сториле кривични дела.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование