Ако често патувате, веројатно сте виделе секакви водопади - од светски познатите Нијагарски Водопади до спектакуларниот огнен водопад во националниот парк Јосемити. Но, мали се шансите да сте виделе подводен водопад.
Да, подводен водопад. Во близина на брегот на мал остров во Индискиот Океан постои водопад потопен во самиот океан.
Станува збор за водопад во близина на Маврициус, која е островска држава која се наоѓа на 1.930 километри југоисточно од Африка. Островската држава има 1,3 милион жители.
Маврициус се наоѓа на една океанска полица која се издигнува од дното на океанот. Од брегот на островот постои постепен наклон што води кон ненадеен 4-километарски пад до дното на океанот.
Водопадот, всушност, е оптичка илузија формирана од наноси од песок и тиња што се лизгаат по падината и потоа паѓаат во бездната. Песокот и тињата на дното од океанот се лизгаат така што изгледа како да се излеваат од водопад.
Главен виновник за оваа оптичка илузија се морските струи бидејќи со текот на времето го донеле песокот од брегот на
Маврициус правејќи каскади, односно наслојки што даваат впечаток дека водата истекува во океанот.
Тешко е да се види подводниот водопад од брегот, па овој интересен феномен најдобро е да се набљудува од воздух. Добрата вест е дека за туристите е овозможена тура со хеликоптер за да го видат овој спектакуларен феномен.