Британскиот геолог Томас Грифит Тејлор забележал невообичаен феномен на Антарктикот за време на експедиција во 1911 година. Тој открил црвен водопад кој повеќе од 100 години ги зачудувал научниците. Сега, научници од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ го објаснуваат овој таканаречен „крвав водопад“.
Истражувачот Кен Ливи искористил моќни микроскопи за да истражува примероци од водата на овој водопад. Неговата анализа открила присуство на мали наносфери богати со железо во водата, кои во процес на оксидација го даваат црвениот изглед. Овие наносфери имаат уникатни физички и хемиски карактеристики и содржат елементи како силициум, калциум, алуминиум и натриум.
- Штом погледнав во микроскопските фотографии, забележав дека ги има овие мали наносфери и дека тие се богати со железо и имаат многу различни елементи освен железо - силициум, калциум, алуминиум, натриум - објаснил Ливи.
Водата на Антарктикот содржи микроорганизми кои можеби постоеле милиони години. Научниците веруваат дека истражувањето на оваа уникатна околина и нејзините издржливи животински форми може да го зголеми разбирањето за нашата планета и да помогне во потрагата по можен вонземен живот.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија:
Wikipedia/Peter Rejcek