X
 09.05.2023 Живот

Ќерка ми има проблем со концентрацијата и со однесувањето. Мислам дека има АДХД, но не знам каде да се обратам

Имам 6-годишно девојче кое има проблем со концентрацијата, тешко можам да ја натерам да седне да пишува и да чита бидејќи е прво одделение. Кога ќе ѝ речам да работиме заедно, се дере, плаче и одбива да соработува. Искажува огромни чувства на љубомора во училиште. Секој ден плаче бидејќи некое друго дете прво завршило со задачата или доколку нешто не знае, а често се кара со другарчињата. Дома се дере и плаче доколку во самиот момент нешто не е како што таа сака, не сака сама да оди во веце, не сака сама да оди во соседната соба, вели дека ѝ е страв.
Доколку се изнервира, крши, треска, тепа, плаче и вели дека така ѝ доаѓа нешто. Вели дека ја боли главата и стомакот скоро секој ден. Детето има сериозен проблем бидејќи и другарчињата почнаа да ја одбегнуваат. Подолго време ја гледам како да има проблем со концентрација, нешто како АДХД според мене, но не знам каде да се обратам и од каде да почнам со третман.
Има помала сестричка, па и неа честопати сака да ја повреди, вели дека ја мрази, па ја штипе и ја удира.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот