Мојот син има речиси 5 години. Како помал беше мирно, питомо дете. Последната година стана агресивен, гласно вика, знае да удри и врсници од градинката и постара сестра, која е на возраст од 8 години.
Најмногу нѐ загрижува тоа што едно исто прашање може да го поставува 15 пати во рок од 10 минути. Кога ќе го прашам дали ме слушнал или дали разбрал што сум кажала, вели дека не ме разбрал. Плаче секоја вечер пред спиење, вели дека е тажен и дека не знае што му е. Навистина се трудиме да му објасниме некои работи на негово ниво, со убаво, полека, со разбирање. Загрижени сме за неговата состојба.
Одговорот од психологот можете да го прочитате на
Деца.мк