Важноста на добрите утрински навики е и повеќе од јасна. Сите знаеме дека будењето рано наутро е корисно за нас, особено ако вклучиме активности со кои се стимулира телото и умот. Но, како ја поминуваме вечерта е исто толку важно.
За да се истренирате себеси да бидете како успешните луѓе, потребно е да ги повторувате следните навики во текот на вечерните часови.
1. Читајте за да учите
Растењето бара
учење - за колку повеќе теми сте заинтересирани, толку поефикасни можете да бидете. Тешко дека во текот на денот можете да учите и да читате со оглед на обврските кои ги имате. Но, ако издвоите време да читате во вечерните часови, ќе откриете колку релаксира и колку можете да ги проширите вашите хоризонти.
2. Поминете време со луѓето кои ги сакате
Еден од најдобрите начини да се негувате себеси е да поминете време во друштво на луѓе со кои сте длабоко поврзани и за кои се грижите. Ова се луѓето кои го извлекуваат најдоброто од вас, оние чија поддршка и грижа може да ви помогнат во пребродувањето за време на тешките времиња. Не е важно дали тоа се пријателите или семејството, и не е важно како го поминувате времето, целта е да го поминете заедно.
3. Издвојте време за релаксирање
Поминуваме толку многу време во секојдневните активности кои не' исцрпуваат. Најдобриот противотров е да издвојте време и да се релаксирате не правејќи ништо. Овие моменти ќе ви помогнат да се фокусирате и ќе промовираат добар сон.
4. Анализирајте го поминатиот ден
Крајот на денот е одлично време кога можете да направите анализа на се'она што ви се случувало во текот на денот. Некои луѓе пишуваат во дневници, други прават еден вид на „ментална прошетка“. Какои да е, запрашајте се себеси што функционира, а што не, за што е потребно вашето внимание и кои случувања се значајни. Ова е природен пат по кој можете да ги одржувате клучните концепти и да се подготвите за следното утро.
5. Вежбајте
Ако сте го поминале целиот ден во канцеларијата на биро, немојте да си легнете пред да пронајдете начин да го движете вашето тело. За многу луѓе вежбањето навечер е малку потешко, меѓутоа долгите прошетки, јога часовите и едноставните протегнувања може да му помогнат на вашето тело да се опушти.
6. Ресетирајте за да освежите
Ако активниот ден на работа и донесувањето одлуки ве исцрпуваат, тогаш пронајдете некој ритуал кој ќе ви помогне да го ресетирате вашето тело и вашите мисли наместо да ги префрлите денешните проблеми наредниот ден.
7. Организирајте се
Гледајте да се организирате себеси навечер и да се подготвите за утрото. Пригответе до појадокот и кафето, спакувајте се' што ви е потребно, одлучете што ќе облечете. На тој начин ќе спиете подобро знаејќи дека следниот ден можете да имате мирен, ефикасен почеток.
8. Изразете благодарност
Изразувањето благодарност навечер помага да останете среќни и задоволни. Секоја вечер набројте пет работи за кои сте благодарни. Благодарноста ве прави повеќе позитивни и оптимистички насочени со што помага да ви се случуваат повеќе добри работи.