Не треба да знаеме нечиј коефициент на интелигенција за да заклучиме дека таа личност е натпросечно интелигентна. Натпросечно интелигентните луѓе се препознаваат по 5 работи што ги прават поинаку од другите.
1. Ги доведуваат во прашање дури и највкоренетите мислења и верувања
Интелигентните луѓе не веруваат во сè што ќе слушнат. Тие ги доведуваат во прашање традицијата, верувањата, етичките норми, целиот систем во кој живеат и сè што постои. Ништо не земаат здраво за готово и не ја следат толпата, туку за сè размислуваат критички и темелно истражуваат пред да формираат сопствено мислење.
Сигурно не веруваат во сè што ќе слушнат на вестите или од некоја авторитетна личност. Натпросечно интелигентните луѓе можат да ја откријат лагата и не дозволуваат другите да си играат со нив. Принципите кои се претставени како непобитна вистина не им значат ништо - тие го имаат мислењето што сакаат да го имаат и го следат својот пат во животот.
2. Интелигентните луѓе никого не воздигнуваат
Луѓето со натпросечен коефициент на интелигенција ретко имаат идоли и ретко бараат некој да ги води во животот. Тие знаат дека знаењето што го бараат и им е потребно може да го најдат во себе. Тие разбираат дека можеме да научиме нешто од секој човек во животот, но разбираат и дека тие самите не знаат сè.
Никој ги нема сите одговори и затоа натпросечно интелигентните луѓе не гледаат идол во никого. Тие се доживуваат себеси како личен гуру кој има доволно мудрост и сила да се снајде во секоја ситуација.
3. Тие се во постојана потрага по знаење
Луѓето со висок коефициент на интелигенција никогаш не се задоволуваат со она што го знаат - тие секогаш копнеат по нови знаења и искуства. Уживаат да ги прошируваат своите умови и да се вклучат во интелигентен разговор секогаш кога ќе добијат шанса.
Интелигентните луѓе се фасцинирани од знаењето и зависни од него - не се задоволни со наученото бидејќи на тој начин умот ќе им стагнира. Тие разбираат дека знаењето е моќ и сакаат да се вооружат со што е можно повеќе ментална муниција.
4. Своите мисли ги претвораат во дела
Натпросечно интелигентните луѓе знаат дека мислите и идеите не значат ништо без акција. Ако сакаат да стигнат каде било во животот, разбираат дека мора да го применат она што го знаат во конкретни акции. Вашите мисли не се од корист освен ако не ги споделите со другите и не ги користите за да придонесете за светот, па интелигентните луѓе секогаш бараат начини да го применат своето знаење.
5. Ја знаат вредноста на времето поминато во тишина
Повеќе од сè, луѓето со висок коефициент на интелигенција ја знаат вредноста на времето поминато во тишина.
Светот е толку брз, што се чини дека воопшто не става акцент на „битието“. Сите ние треба да дејствуваме, да работиме, да произведуваме, да се движиме, да заработуваме. Не трошиме доволно време размислувајќи, чувствувајќи, сакајќи.
Ова е причината зошто натпросечно интелигентните луѓе поминуваат што е можно повеќе време со своите мисли, затоа што знаат колку е важно да погледнат длабоко во себе за да најдат одговори. Дури и да не бараат одговори во тој момент, сепак се свесни за важноста на времето што го поминуваме сами, далеку од вревата, бидејќи помага и за ослободување од стресот и за регенерирање на умот, телото и душата.
Натпросечно интелигентните луѓе имаат одлична поврзаност со себе и знаат дека оваа врска е основа за сè друго во животот.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Freepik