X
 16.06.2017

Навики на исклучително емотивно интелигентните луѓе

Луѓето со изразена емоционална интелигенција често покажуваат подобри резултати на работа. Сѐ почесто таа интелигенција е важен фактор за успех и среќа не само на работа, туку и во односите со другите луѓе, во врските и сите останати области од животот.

Кои навики ги имаат овие луѓе што ги прават исклучителни?

Се фокусираат на позитивното – иако не ги игнорираат лошите вести, овие луѓе свесно донесуваат одлука дека нема да трошат многу време и енергија фокусирајќи се на проблем. Тие ги бараат позитивните аспекти и бараат решение на проблемот.

Се опкружуваат со позитивни луѓе
– Луѓето со изразена емоционална интелигенција не минуваат време слушајќи ги луѓето кои се жалат. Тие избегнуваат негативни луѓе и се свесни дека тие им ја црпат енергијата. Спротивно на ова, минуваат повеќе време со личности кои се позитивни и гледаат на светлата страна на животот.

Умеат да стават граници
– Иако нивниот пријателски карактер и отвореност може некогаш да делува одбивно и наметливо, тие знаат како да постават граници со оние за кои им е потребно тоа. Тие покажуваат учтивост и разбирање, но остануваат цврсти. Не создаваат пријателства и нивниот одговор во ситуации на конфликти е одмерен.

Однапред размислуваат и спремни се да го остават минатото зад себе
– овие личности се премногу окупирани со замислување за можностите кои им се отвараат во иднина за да се држат до минатите неуспеси. Тие учат од грешките и неуспехот не го сметаат за рефлексија на нивната личност.

Бараат начин да го направат животот забавен, среќен и интересен
– без разлика дали во работното опкружување, куќата или меѓу пријателите, овие личности знаат што ги прави посреќни и секогаш бараат нова шанска да го продолжат уживањето. До нив среќата доаѓа преку исполнетоста на другите луѓе.

Мудро избираат како да ја трошат својата енергија – иако нештата во минатото не се најдобри за нив спремни се да продолжат и покрај конфликти со другите. Личностите со висока емоционална интелигенција се фокусираат на тоа како да не допуштат да се повтори инцидентот.

Секогаш учат и тежнеат кон независност
– Овие луѓе се доживотни ученици, секогаш растат, отворени се за нови идеи и се спремни да учат од другите. Отворени се за тоа да си ги променат ставовите ако некој пред нив изложи подобра идеја.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk