X
 09.08.2021 Живот

Ајнштајновиот рецепт за среќа: Будете се со позитивна мисла

Луѓето отсекогаш се прашувале што е потребно да се биде среќен, а многумина се сигурни дека клучот е во позитивниот начин на размислување. За тоа своевремено зборувал и познатиот научник Алберт Ајнштајн.

Тој еднаш рекол дека најважната одлука што треба да ја донесе човекот е одлуката за принципите по кои сака да живее, односно дали сака да живее во пријателски или непријателски свет. На нас е да одлучиме дали сакаме да живееме во пријателски или непријателски свет, а оваа одлука ја носиме секое утро. Соодветно, начинот на кој гледате кон светот влијае на тоа како ќе ви помине денот.


Фото: Алберт Ајнштајн/Pixabay

Позитивното размислување ќе ве исполни со среќа и енергија, а кога го започнувате денот верувајќи дека светот е добар, станувате поподложни на негативните реакции доколку ви се случи нешто негативно. Начинот на кој го доживувате денот на самиот почеток влијае на бројот на добри работи кои ќе ви се случат во текот на денот.

Сузан Рејнолдс, коавтор на книгата „Научете го мозокот да биде среќен“, смета дека чувството на задоволство може да го стимулира мозокот да гледа само позитивно на околината. Со други зборови, колку попозитивно гледате на светот, толку повеќе ќе добивате за возврат. Од друга страна, будејќи се со мислата дека се будите во лош свет ќе го има спротивниот ефект.

Позитивното размислување позитивно влијае и на здравјето со тоа што го намалува ризикот од депресија и анксиозност и ве прави поотпорни на проблемите.

Извор: DDL
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот