X
 16.05.2017 Живот

Клучот за среќен живот се „крие“ во еден сосема едноставен систем

Доктор Алан Шрехтер, психијатар и професор на Универзитетот во Њујорк, истакнува дека клучот за среќата се „крие“ во еден сосема едноставен систем.

Сè што треба е да замислите пет кофи, од кои секоја би требало да е донекаде полна.

Првата кофа содржи позитивни емоции. И покрај фактот дека стравот како емоција со милиони години е неопходен за опстанок на живите суштества, токму позитивните емоции се она што нè поврзува со другите луѓе и нè прави да се чувствуваме добро.

Во втората кофа се наоѓа ангажираноста. Доколку во некоја активност се внесете со целиот свој ум и со срцето, тоа ќе има вонредно позитивно влијание врз вашето ментално здравје.

Третата кофа е резервирана за меѓучовечките односи. Најсреќните десет проценти од луѓето можат да се пофалат дека имаат одлични односи со околината и дека внимателно ги негуваат.

Четвртата кофа се однесува на значењето на поставените цели. Станува збор за она што вам лично ви е многу важно, што ви значи и што ви дава смисла во животот.

Во петата кофа се наоѓаат постигнувањата и чувството на исполнетост. Потребно е секој од нас барем донекаде да се чувствува реализиран доколку сака да биде среќен, без оглед дали се работи за деловен план, семеен или нешто сосема трето.

Обидете се постојано да размислувате за овие кофи и за тоа колку се наполнети. Тоа не морате да го правите секојдневно, но доколку сакате да се чувствувате среќни, потребно е од време на време, да „ѕирнете“ во нив.

Проследете го видеото:

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот