X
 18.06.2017 Живот

Парите можат да ви купат среќа - ако ги потрошите на искуства, време и други луѓе

Оној кој вели дека парите не можат да купат среќа, не знае како да ги потроши.

Барем така вели Мајкл Нортон, професор на бизнис училиштето при Харвард универзитетот и ко-автор на „Среќни пари“.

Неодамна, тој зборувал на „Amplify“, годишен настан за идеи и иновации. Таму, тој ги запрашал луѓето од публиката што би направиле ако би пронашле 20 долари кои би требало да ги потрошат на она што ги прави најсреќни.

Предлозите од луѓето вклучувале купување чоколадна торта или цвеќиња, додека други би ги дале на бездомна личност или уличен свирач.

Потоа тој ја запрашал публиката да размисли како би ги потрошила последните 20 долари - и да подигне рака ако одговорите од двете прашања се совпаѓаат.

Повеќето раце останале долу, со што се потврдила неговата поента. Очигледно е дека мора да се погрижиме за основните потреби, но неговиот аргумент е дека повеќето од нас трошат премногу време на второто прашање, а не доволно на првото.

„Секоја религија во светот и секоја книга за само-помош велат дека парите не можат да купат среќа. Тоа до некаде е точно, но до некаде и не е. Типичните начини на кои ги трошиме парите не ни даваат многу среќа, но постојат други начини на кои би можеле да ги потрошиме нашите пари кои би ни донеле среќа. Ако мислите дека парите не можат да купат среќа, тогаш тоа значи дека не ги трошите правилно“, вел тој.

Многу луѓе кои победиле на лотарија завршиле мизерно, дури и ако тие биле релативно среќни пред тоа. Причината позади тоа делумно е поради настанот кој го променил животот, а оваа промена e вознемирувачка и збунувачка. Дел има улога и тоа што повеќето победници не знаат како да ги потрошат парите.

„Првото нешто што луѓето го прават со парите од лотарија е тоа што купуваат работи како нова куќа, нов брод, нов автомобил, и тие се за нив. Не дека овие работи ги прават несреќни но немаат ефект на нивната среќа - ниту лош ниту добар, едноставно ништо“, вели тој.

Која е алтернативата? Нортон предлага три идеи кои би ви донеле среќа.

Прво, купете си искуство. Нортон вели дека искуствата се подобри пред тие да се случат, кога се случуваат и откако се случуваат. На пример, трошењето на пари на телевизор и на одредена туристичка дестинација.

Додека чекате телевизорот да пристигне, се чувствувате фрустрирано и нетрпеливи сте. Додека го чекате патувањето, нетрпеливи сте и чувствувате возбуда.

Фантазирате и за патувањето и за телевизорот. Може да си речете дека ќе ги поканите пријателите или семејството за филмови, но во реалност, го добивате телевизорот и седите сами гледајќи телевизија со часови.

За време на одморот, можеби работите не се како што сте фантазирале, но сепак сте надвор од дома и искусувате различни работи со други луѓе, што е многу подобро од купувањето телевизор.

Искуството победува и над фактите. Телевизорот станува заменлив, а вашиот сосед купува подобар модел. Но, ако и вие и вашиот сосед одите на патување во Париз, невозможно е да се споредат двете искуства бидејќи и двајцата мислите дека вашето патување било подобро.

Едно истражување ги запрашало луѓето за нивните медни месеци. Неделата пред патувањето тие биле доста возбудени, за време на медениот месец било во ред но не совршено, а неделата пред тоа било добро. После 20 години, медениот месец за нив бил неверојатен. Нашите умови се создадени да заборават негативни искуства.

Искуствата ве информираат и ви кажуваат кои сте и ви овозможуваат да раскажите приказна за себеси. „Да ти кажам за моето прво патување во Париз“ наспрема „Да ти кажам за првиот телевизор што го купив“.

Второ, Нортон предлага да потрошите пари и да си купите време.


Неговиот пример покажува дека поголемата куќа ве прави помалку среќни ако за возврат треба да патувате подолго време на работа. Дури и купувањето на одличен автомобил не ги поправа работите.

Трето, трошењето пари на другите е гаранција за зголемување на среќата. Нортон вели дека ова е универзална вистина, со експеримент кој го повторил во Канада и Уганда и кој донел исти резултати.

На луѓето им биле дадени 5 или 20 долари, или количината на валутата во Уганда еднаква на купувачката моќ. Парите биле со белешка која велела: „до 17 часот денес, потрошете ги овие пари на себеси“ или „до 17 часот денес, потрошете ги овие пари на некој друг“.

Канадските дипломци кои ги потрошиле на други луѓе купиле предмети како што се мече за внуката, шарпа за роденденот на нивната мајка, им ги дале на бездомници или некому купиле кафе.

Уганѓанците генерално дале позначајни подароци како на пример лек за нивниот пријател чиј син бил болен од маларија бидејќи таа била потребата прикажана во нивната природна средина.

На крајот од денот, оние кои потрошиле пари на други биле посреќни од оние кои потрошиле пари на себеси, без разлика дали биле 5 или 20 долари.

Можеби мислите дека спасувањето на нечиј живот носи поголема среќа од купување подарок за некого кој можеби не им треба, и би биле во право. Но, разликата не била голема - клучот бил трошење пари на некој друг.

На што вие ќе ги потрошите вашите пари?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот