X
 09.10.2018 Технологија

Зошто некои интернет-пребарувачи се побрзи од другите?

Има повеќе причини поради кои користиме одреден пребарувач, но ретко кој од нас е подготвен да ги трпи оние што се побавни во работата. Причините поради кои одредени пребарувачи се побрзи од други можеме да ги поделиме во две групи: технички и оние на кои влијаат самите корисници.

Некои аспекти од нивната брзина на работа се однесуваат на тоа како ги користите. Ова се најчестите проблеми со кои можете да се позанимавате веднаш.

1. Надградба

Општо зборувајќи, најновите изданија на пребарувачите би требало да бидат и најбрзи, но и најбезбедни. Затоа редовно и ажурно инсталирајте си софтверски надградби.

2. Додатоци и екстензии

Плагиновите, екстензиите и додатоците можат да го направат пребарувачот покорисен, но и да ја забават неговата работа. Затоа трудете се нивниот број да биде минимален.

3. Податоци за сурфањето

Интернет-пребарувачите собираат огромна количина податоци за тоа како ги користите. Меѓу другото, во нив се наоѓа и историјата на пребарувањето, „колачи“, белешки за преземање фајлови и уште многу нешта. Тука се и постојано растечките кеш датотеки.

Ако редовно го чистите она што не ви е потребно во вашиот пребарувач, веројатно тој ќе работи побрзо.

Зошто некои пребарувачи се побрзи од други можете да погледнете и во видеото:

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија