Годинава „Гугл“ го купи хрватскиот стартап „Фотомат“, познат по истоимената апликација за решавање математички задачи со помош на машинско учење и вештачка интелигенција. Сега интернет-пребарувачот нуди функции кои потсетуваат на оние на „Фотомат“.
За проблеми од областа на математиката и физиката, отсега може да го користите пребарувачот „Гугл“. Со пребарување или користење на опцијата за прикачување фотографии, пребарувачот решава математички равенки.
Пребарувачот го покажува и процесот до кој се стигнува до решението, а доколку е потребно, има и објаснување. Со опцијата за прикачување фотографии „Гугл ленс“ може да прикачувате фотографии со математички и геометриски проблеми, а пребарувачот ќе ги реши.
„Гугл“ има и над илјада нови помагала за визуелно учење од областа на науката, технологијата, инженерството и математиката. Доколку пребарувате поим од некоја од овие области, сега ќе добиете и визуелна претстава во форма на дијаграм во резултатите од пребарувањето. Во дијаграмот ќе биде објаснет поимот преку интерактивни илустрации.
Извор:
Bug
Насловна фотографија:
Google