Дали знаевте дека секој прелистувач има многу бесплатни екстензии кои може да ви го збогатат искуството на интернет и да ви помогнат да научите повеќе? Следниве екстензии се наменети за наставниците и учениците.
За ученици
Extensity– Овозможува побрзо работење на другите екстензии.
Pushbullet– Со оваа екстензија може да испраќате пораки, слики, линкови на сите уреди и други луѓе.
Open Dyslexic– Го менува фонтот на интернет-страниците за да биде полесен за оние со дислексија.
Read & Write– Екстензијата има многу опции, како читање на глас, дефиниции за зборови итн.
Screencastify– Оваа алатка го снима она што е отворено на интернет.
Nimbus– Уште една алатка за снимање, но и за сликање на екранот, цртање на слики, поправање слики итн.
Genius– Создавајте белешки, враќајте на коментари итн.
Google Scholar– Најдете академски извори на сите интернет-страници.
За помош со граматиката во англискиот јазик, пробајтe го
Ginger или
Grammarly.
Nuggets– Учениците создаваат белешки за наученото во помалку од 200 букви.
Lazy Scholar– Автоматски бара извори за бесплатен целосен текст кој може да го отворите како научен труд.
SpeakIt– Означете текст и слушнете го на глас на 50 различни јазици.
За да правите картички со нови научени зборови користете
StudyHQ,
Lingually или
ReadLang.
За објаснување и преведување зборови користете
English Dictionary Translate или
Vocabla.
Google Translate исто така има екстензија.
Noisli– блокирајте го звукот и слушајте смирувачка музика за да бидете продуктивни.
За наставници
Goobric/Doctopus– Екстензија ккога брзо ги организира оцените на учениците.
Kaizena– Помага во оценувањето на задачите и тестовите на англиски јазик.
Gradebook Split– Го дели екранот за полесно да се организирате при работата.
DocentEDU- Додава прашања, дискусии директно во интернет-страницата.
Lazarus– Чува се' што ќе пополните во форма во случај да ви падне интенетот или случајно да го исклучите прозорецот.