X
 09.11.2018 Економија

Дигиталната трансформација и новите технологии во фокусот на третиот ден од Самитот Македонија2025

Денеска е последен ден и затворање на Самитот Македонија2025. Врвни експерти ќе зборуваат на теми поврзани со дигитална трансформација, примена на новите технологии во медицината, претприемништво, одговорно лидерство и други.
Во изјава, Кристијан Руп - портпарол на платформата „дигитална Австрија“ и координатор на иницијативата „SME DIGITAL” во Стопанската федерална комора на Австрија - истакна дека дигитализацијата мора да биде засебен стратегиски план во зависност од државата, гранка на индустријата, вештините на вработените и определбите на клиентите.



- Дигитализацијата го менува целосниот синџир на вредности, но мораме да сфатиме дека дигиталната трансформација е можност, а не опасност! - додава тој.
Една од клучните теми беше и осврт кон најдобрите светски практики во иновативни и технолошки центри. Скот Ресник - главен оперативен директор на Hardin Design & Development, основач и прв извршен директор на StartingBlock Madison, зборуваше за примерот на САД.

- Премногу луѓе се фокусираат на негативните причини зошто идејата не може да функционира или зошто стартап не може да напредува во одреден регион. Искористете ги вашите локални силни страни и станете шампион за вашата заедница. Можете да го направите тоа со поддршка на другите стартапи и нудејќи помош секогаш кога е можно. Кога една компанија успева во регионот, целата заедница успева - истакна Ресник.



Вчеравечер се одржа и добротворна гала-вечера со која се одбележаа 10 години од формирањето на организацијата Македонија2025. Наградата за филантропија „Џон Битов Постариот“ му беше доделена на Мајк Зафировски за неговиот исклучителен придонес во филантропијата и волонтеризмот, додека плакети на благодарност им беа врачени на луѓето и компаниите што ѝ возвратиле на Македонија и ја поддржале организацијата во изминатите 10 години.
Собраните средства беа пренаменети кон новоформираниот Фонд за талентирани студенти. Беше потпишан и Договор за соработка помеѓу Македонија2025 и фондацијата „Ане и Владе Дивац“ од Србија, со што двете организации  ќе соработуваат на многу проекти од заеднички интерес.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија