УКИМ го одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој, со настан кој ќе се одржи на утре (10 ноември), со почеток во 13 часот, на хибриден начин, во свечената сала за седници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (за добитниците на наградите) и преку канал на видеоконференциската платформа Зум (
линк).
На настанот ќе се обрати проф. д-р Никола Јанкуловски, а воедно ќе се промовираат добитниците на наградите за најдобри научници и уметник во сите научноистражувачки подрачја и уметности, соопштуваат од УКИМ.
На настанот ќе се одржи и панел на тема: „УКИМ во интернационални рамки“.