По големиот интерес за првата организирана обука за „Дизајн на облека во 3Д“, која ги надмина сите очекувања на организаторите, најавено е организирање на нова, втора обука која ќе стартува на крајот од месец ноември.
Крајниот рок за пријавување е 26 ноември, а сите информации за обуката и едноставниот начин на пријавување се достапни на следниот линк:
http://fashion-freelancer.mk.
Станува збор за уникатна обука наменета за сите што сакаат фриленсерска кариера во модната индустрија. На обуката се добредојдени и искусни професионалци од текстилните компании кои сакаат да го надградат своето знаење, но и луѓе кои никогаш немале никаков допир со модната индустрија и допрва сакаат да станат дел од неа.
Обуката за „Дизајн на облека во 3Д“ има 9 модули и трае вкупно 13 недели. Во тоа време посетителите ќе научат вештини со кои веднаш ќе можат да се вклучат во светот на модниот фриленсинг и да земат учество во проекти кои ќе им носат основен или дополнителен приход.
Покрај стекнатите работни вештини, секој од учесниците ќе добие лиценциран Сертификат за дизајн на облека во 3Д, како и лиценциран софтвер за работа во времетраење од три месеци. Субвенционираната цена за учество во обуката изнесува 250 евра.
Одржувањето на обуката е поддржано со програмата Reconomy - регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.
(Комерцијална објава)