Мајките и татковците секојдневно се соочуваат со дилеми, предизвици, стравови, со прашање дали своите деца ги воспитуваат правилно. За да им олеснат на родителите, психолозите избраа 13 правила кои се „свети правила“ за воспитувањето на деца.
1. Воспитувајте дете кое ќе верува дека е супер јунак и дека во животот може се и тоа на свој начин
Ако сакате да воспитате независна личност, мора да му дозволите на детето некогаш да згреши без ваша интервенција. Пред да скокнете да му помогнете на детето во вршење на некои физички задачи запрашајте се: „Дали моето дете е во опасност?“ Потоа запрашајте се дали детето ги има потребните вештини (агилност и рамнотежа) и задоволено основните потреби (дали е наспано и сито). Ако одговорот е да, пуштете детето само да проба да ја изврши задачата.
2. Придржувајте се на 3 правила за извршување на домашните задачи
Прво правило: прво сработување на она што е најважно. Второ правило: тргање настрана на мобилниот телефон. За време на пишување на домашната задача на детето може ќе му биде потребна технологија, како дигитрони, но за тоа време барем не мора да праќа СМС пораки. Трето правило: штом заврши со домашна работа, нека го подготви ранецот за утре и да го остави пред врата. Овој процес во три чекори може лесно да се усвои.
3. Запомнете го акронимот Г.В.О.У
Нападите на бес често се случуваат кога детето е гладно, вознемирено, осамено или уморно.
4. Практикувајте секојдневни дела на добрина
Учете го своето дете дека на другите луѓе мора да им помага секој ден, а не само кога се празници. Поттикнете го детето барем еднаш неделно да направи некое мало добро дело, било да помогне на пријателот и комшијата во активност како чистење на паднати лисја. Кога ќе се фокусира на другите, детето ќе научи да ви биде благодарно.
5. Бидете строги околу времето за одење на спиење
Истражувањето покажало дека 7 годишните деца кои немаат одредено време за одење на спиење имаат повеќе проблеми во однесувањето од оние кои секоја вечер одат на спиење во исто време.
6. Пуштете го да чита што сака
Децата кои читаат поради сопствено задоволство развиваат многу пошироки погледи на светот и се многу подобри не само во друштво, туку и во природните науки. Дозволете детето во слободно време да чита што сака. Поважно е да стекне навика на читање.
7. Немојте да му давате на детето пари секој пат кога ќе ја среди собата
Доколку почнете со оваа навика да му давате 100 денари ако го спреми креветот, тоа ќе очекува пари секој пат кога ќе го замолите да сработи нешто, да направи или да ви помогне во извршување на работи во домот. Можете да му давате месечен џепарлак за да го научите правилно да располага со парите, но немојте да го наградувате на дневна основа.
8. Учете го на храброст
Сакате самоуверено дете? Нека од вашите примери учи од ситните, здрави ризици во животот. На пример ако одите сами во кино објаснете му на детето дека тоа не треба да е нешто поради кое би се чувствувало непријатно. Или нека ве види детето како се смеете кога сфаќате дека цело утро ја носите маицата облечена наопаку, наместо да се срамите.
9. Не гответе посебни оброци за детето
Детето мора да научи да јади она што јадат и неговите родители. Не мора да изеде се што е спремено за ручек, но мора да ги избере оние намирници кои ќе му пружат хранливи материи. Многу е важно што детето јаде во текот на денот или неделата, отколку тоа да биде балансиран оброк.
10. Посебно бидете внимателни кога ќе наполни 14 години
На оваа возраст влијанието на врсниците почнуваа да слабее, па детето почнува да размислува со своја глава, наместо само да следи некој лидер. Ако сакате вашето дете да почне да размислува со сопствена глава, почесто поттикнувајте разговори за неговите пријатели, (на пример прашајте го што има ново во врска со неговите пријатели) за да дознаете со кого се дружи.
11. Победете ги стравовите со здрав разум
Доколку детето се плаши од куче немојте да го водите на другата страна на улицата кога спрема вас се доближува куче. Наместо тоа кажете: „Види куче. Ајде да го прашаме сопственикот дали може да го погалиме и да видиме колку меко му е влакното“. Кога на пример детето оди на вакцинација, бидете сочувствителни, но не премногу емоционални. Кажете му: „Се е во ред. Ќе заврши за неколку минути“, наместо „Знам дека боли“.
12. За детето да биде потивко, смалете го својот глас, наместо да го повишите
На овој начин детето ќе се фокусира на она што му го зборувате. Можете проблемот да го направите забавен. Сакаш ли да слушнеш што сега ќе направиме, ќе скокаме на една нога. Најмладите ќе бидат воодушевени од оваа игра.
13. Прво внимавајте на себе, а после на детето
Ако сакате да бидете што подобар родител, првенствено морате да водите грижа за себе. Родителите кои се лишуваат од одмор, храна и забава заради децата во суштина на никому не му прават добро. Многу родители чувствуваат вина бидејќи многу работат, па слободното време сакаат да го посветат на децата. Но, таквото однесување често резултира со емоционална и физичка исцрпеност. Издвојувањето на време за себе е многу важно, па макар тоа да биде само 15 минутно опуштање во топла бања.
Save