1. Непослушност – единствената работа што може да ја развие детето кога неправилно му се обраќаме. Значи, секојпат кога детето е непослушно и безобразно, пред да се одлучите да го казните прашајте се што сте направиле погрешно.
2. „Проблематични“, „тешки“, „немирни“ деца и деца „со комплекси“, „неконцентрирани“, секогаш се резултат на погрешно утврдени односи во семејството.
3. Кога безусловно го сакате своето дете, не значи дека го сакате затоа што е убаво, паметно, способно, успешно, затоа што помага дома и така натаму... туку заради тоа што е такво какво што е.
4. Колку сте полоши со детето, толку полошо станува тоа. Зошто е тоа така? Затоа што воспитувањето на детето не е дресура. Родителите не треба да развиваат условни рефлекси кај децата.
5. Колку почесто родителите се груби кон детето, го отфрлаат и критикуваат, толку поскоро тоа ќе дојде до заклучокот: „Не ме сакаат“.
6. Дисциплина – не пред, туку откако ќе воспоставите добри односи со детето. Не можете да дисциплинирате дете со кое не сте воспоставиле комуникација.
7. Не му помагајте на детето, освен ако самото не побара помош. Кога не се мешате, вие всушност му укажувате дека тоа што го прави го прави како што треба. Помогнете му само доколку наиде на сериозна пречка која не може да ја надмине. Тогаш не е добро да не се вмешате, бидејќи тоа може да донесе штета.
8. Ако на детето му е тешко и сака да ја прифати вашата помош, задолжително треба да му помогнете. Притоа, направете го тоа што не може само да го направи. Како што ќе ги развива своите способности, полека сѐ препуштете му нему.
9. Личноста и способностите на детето се развиваат само кога е ангажирано во некоја активност која му е интересна и која сака да ја прави.
10. Тинејџерската доба е слична на сипаниците – постои во повеќе облици, полесни или потешки, но секако мора да се „прележи“. Но, тешко на родителите кои во овој период влегуваат во сериозен конфликт со своите деца!
11. Дозволете му на детето да ги почувствува негативните последици од своите постапки (или пропусти). Дури тогаш ќе порасне и ќе стане „свесно“.
12. Сееш навика, жнееш навика – береш карактер, сееш карактер – береш судбина!
13. Можете да изразувате незадоволство од поединечни постапки на детето, но не и на детето во целост. Можете да ги осудувате потфатите на детето, но не и неговите чувства. Незадоволството од потфатите на детето не би требало да биде систематично, во спортивно ќе се претворат во неуспех.
14. Непосакуваното однесување на детето е нормална реакција на ненормалните услови на живот.
15. Строгата мајка е емотивно отуѓена од детето, така чувствува детето.
16. Дозволете му на детето да има приватност. Не се мешајте во сѐ постојано. Немојте да му држите предавања.
17. Со своите постапки влијаете врз однесувањето на детето.
18. Самоспознавање и самообразование – тоа е првата должност на родителите и наставниците, а не само воспитувањето на децата. Во спротивно детето станува преоптоварено со проблемите на родителите.
19. Секогаш кога детето е вознемирено, навредено, повредено, засрамено, уплашено, кога некој бил груб кон него или неправедно го третирал, дури и ако сте преморени, првото нешто што треба да го направите е да дознаете што му е и да го сослушате.
20. Не го барајте од детето невозможното или тоа што тешко се постигнува. Наместо тоа, проверете што можете да промените во опкружувањето.