X
 09.12.2018 Живот

Кои се најсмртоносните животни во Австралија?

Во периодот меѓу 2008 и 2017 година во Австралија имало 266 смртни случаи за кои виновници биле животните. Тоа можеби за некого и нема да звучи изненадувачки бидејќи многумина ја сметаат Австралија за опасно место.

Но, она што може да ве изненади е видот на животно кое предизвикува најмногу смртни случаи.

Дали тоа е едниот од најотровните пајаци на светот, црвеногрбиот пајак (Latrodectus hasseltii)?

Или, пак, источната кафеава змија (Pseudonaja textilis)? Оваа змија долга два метра е втора на листата на копнени змии и има одтров кој лесно може да убие возрасен човек.

Можеби најсмртоносни се комарците, кои пренесуваат болести? Или, пак, ајкулите?

Одговорот сигурно ќе ве изненади. Излегува дека ако сакате да бидете безбедни во Австралија, најдобро е да избегнувате коњи и крави.

Според австралиското Биро за статистика, токму коњите и кравите се лидери кога станува збор за смртни случаи предизвикани од животни. Тие се на првото место со 77 одземени животи.

На второто место се другите цицачи (60), на третото стршлените, осите и пчелите (27), на четвртото се ајкулите и другите морски животни (26), на петтото се змиите и гуштерите (23), на шестото кучињата (22), на седмото крокодилите (17) итн.


Фото: ABC
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот