X
 30.05.2021 Живот

Австралија со закон определи на колкаво растојание возилата може да ги претекнуваат велосипедистите

Владите на сите сојузни држави во Австралија сега законски бараат од возачите на автомобилите да им остават простор на велосипедистите кога ги претекнуваат. Ваков закон бил во сила во повеќе држави порано, а со воведувањето во Викторија минатиот месец сега правилото важи во цела Австралија.

Дали ова навистина го менува односот на возачите на автомобили кон велосипедистите? Група истражувачи се обиделе да одговорат на ова прашање со оценување на ваквиот закон донесен во Западна Австралија во 2017 г.

Тие откриле дека по донесувањето на законот, возачите на автомобили навистина им оставаат повеќе простор на велосипедистите, иако некои возачи признале дека се агресивни кон велосипедистите на тој начин што им свират или ги пцујат. Истражувачите откриле и дека процентот на луѓе што користат велосипеди останал ист од донесувањето на законот, т.е. не се зголемил.


Фото: Pixabay

Законите за оставање простор при претекнување на велосипедистите се воведуваат бидејќи блиското претекнување од страна на автомобилите го зголемува ризикот за несреќи.

Претходно возачите сами проценувале за просторот што треба да го остават кога претекнуваат велосипедисти, но со законите сега тие мора да се оддалечени барем еден метар од велосипедистите при претекнување доколку возат побавно од 60 километри на час. Задолжителната дистанца е 1,5 метар за поголеми брзини.

Некои европски земји и повеќе сојузни американски држави донеле слични закони.

Автори: Лора Фруен, Изабел Росен и Лисет Канс
Извор: theconversation.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот