X
 02.02.2023 Живот

Австралија ќе ја замени банкнотата од 5 долари со ликот на Елизабета Втора

Австралија ќе ја замени својата банкнота од пет австралиски долари на која е ликот на кралицата Елизабета Втора со нов дизајн што ќе ја одразува и почитува историјата на домородната култура на континентот, соопшти денеска Националната банка на земјата.

Одлуката е донесена по консултациите со федералната влада, која ја поддржува промената, се вели во соопштението.

Оттаму додаваат дека од другата страна на банкнотата, како и досега, ќе има слика од Парламентот.

По смртта на Елизабета Втора австралиските власти соопштија дека ликот на кралот Чарлс Трети нема автоматски да го замени ликот на починатата британска кралица на банкнотата од пет долари и може да биде заменет со австралиски мотиви.
Банкнотата од 5 австралиски долари е единствената банкнота во земјата што го носи ликот на кралицата.

На австралиските монети мора да стои ликот на британскиот монарх, а на новите монети ќе биде ликот на кралот Чарлс Трети.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот