Кина е позната по своите футуристички книжарници и благодарение на Ли Ксијанг од дизајнерската фирма „Кси+ливинг“, провинцијата Џиангсу има ново современо место за купување книги. Во внатрешноста има огромни тродимензионални структури кои потсетуваат на астрономски инструменти.
Овие небесни прстени се централни елементи на книжарницата. Испреплетените прстени го заземаат просторот и се пополнети со слики од книги, кои изгледаат како да ѝ пркосат на гравитацијата.
Изработени од традиционални дрвени материјали, огромните структури даваат контраст на големите стаклени прозорци.
Таваните со огледало ја прошируваат околината, дозволувајќи им на посетителите да се чувствуваат како да патуваат низ бесконечен простор.
Концептот на вселената се протега во детската област, каде што шарените полици за книги во форма на ракети, астронаути и планети овозможуваат да се разбуди имагинацијата на младите читатели.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: X+Living