X
 10.01.2024 Живот

Купил цела населба и домовите им ги подарил на самохрани мајки

Рик Стивс е познат по своите книги и видеозаписи од целиот свет. Тој е американски патописец, автор, активист и телевизиска личност, а познат е и по добрите дела што ги прави.

Едно од неговите најголеми добри дела е кога купил цела станбена населба и куќите им ги подарил на бездомни самохрани мајки со деца. Тој ја купил и уредил населбата за да им ја подари на мајките што се лекуваат од зависности или што немаат свој дом.

- Само што му подарив на Христијанското здружение на млади жени станбен комплекс вреден 4 милиони долари за бездомните жени и деца - изјави Рик Стивс, додавајќи дека станува збор за станбен комплекс со 24 дома.

Христијанското здружение на млади жени е непрофитна организација која се фокусира на зајакнување, лидерство и права на младите жени и девојки во над 100 земји.

- За мене, ова не беше особено благородно или сочувствително… тоа е само осмислено користење на мојот капитал - рече Рик Стивс.


Извор: N1
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот