Дека економската криза предизвикана од пандемијата не го уништи доброто кај луѓето, сведочи потегот на еден грчки угостител кој поставил интересно известување на влезот на неговиот ресторан.
Фотографијата од неговиот гест за брзо време се прошири на социјалните мрежи. Овој угостител забележал дека многу сограѓани бараат храна во контејнерите, па одлучил да помогне.
Затоа, на влезот во ресторанот ја оставил пораката:
- На луѓето што бараат храна во кантите за ѓубре:
вие сте луѓе и заслужувате многу повеќе. Ве молам, влезете во ресторанот
во текот на работното време и послужете се со порција суфлаки и вода.
Нема да поставуваме никакви прашања.
Извор:
Noizz.rs
Фото: Freepik