Луѓето што имаат дијабетес имаат проблем со неправилно функционирање на панкреасот. Затоа, за да се регулира неговата работа, односно нивото на инсулин во крвта, најчесто мора да примаат вештачки замени во форма на таблети или инјекции.
Едно неодамнешно истражување откри напредок во регенерацијата на клетките кои произведуваат инсулин во панкреасот. Истражувачите од Австралискиот институт за срце и дијабетес „Бејкер“ користеле лек одобрен од американската Федерална администрација за лекови (ФДА) кој го таргетира ензимот EЗH2 за да ги стимулира дукталните прогениторни клетки на панкреасот.
Овие прогениторни клетки, одговорни за обложување на каналите на панкреасот, потоа беа поттикнати да ја имитираат функцијата на клетки кои се дефицитарни кај луѓето со дијабетес тип 1. Ова било овозможено со помош на два инхибитори на мали молекули кои веќе се одобрени за третман на рак.
Ова репрограмирање на клетките довело до производство на инсулин. Со тоа се елиминира потребата за редовни инјекции за регулација на нивото на инсулин и гликоза.
Во тестирањето на лица со дијабетес тип 1 било забележано дека производството на инсулин се вратило во нормала по само 48 часа од третманот.
Третманот треба да помине и клиничко тестирање.
Се проценува дека околу 422 милиони луѓе во светот имаат дијабетес.
Извор: Zimo
Насловна фотографија: Freepik