Научниците веќе долго време бараат одговор на прашањето кој е најдобар начин за откажување од цигарите. Најчесто, се` се сведува на две опции: целосно откажување на цигарите и постепено откажување. Но која од овие две опции подобро функционира?
„Многу луѓе мислат дека најдобриот начин за откажување од цигарите е постепено намалување на бројот на испушени цигари пред целосно да се откажат од пушењето“, вели Никола Линдсон-Хаули од Универзитетот, водач на
истражувањето објавено во „Annals of Internal Medicine“.
Но, резултатите од истражувањето покажуваат нешто сосема друго: Целосното откажување од цигарите е 25% поефективно отколку постепеното намалување на цигарите.
Линдсон-Хаули и нејзините колеги следеа скоро 700 луѓе кои пушеле помалку од 15 цигари дневно и кои имале намера да престанат. На половина од испитаниците им било кажано да ги намалуваат цигарите, додека другата половина требало веднаш да престане да пуши.
И двете групи поседувале бихевиорално советување, добиле никотински фластери или слични производи како никотински гуми за џвакање и спрејови за уста. Научниците го мереле успехот такашто ја следеле апстиненцијата четири недели после зададениот датум и повторно шест месеци подоцна.
49% од оние кои веднаш престанале да пушат, не пушеле ниту после 15 дена, додека само 39% од групата која постепено престанувала со пушење успеале повеќе да не пушат.
После 6 месеци, 22% од оние кои веднаш престанале да пушат и понатаму не пушеле, а додека во другата група само 15% успешно се откажале од цигарите. Но, интересно е тоа што повеќе луѓе изјавиле дека порадо постепено би престанале да пушат, отколку да ги остават цигарите веднаш.
„ДУри и ако луѓето сакаат постепено да престанат да пушат, тие беа успешни во намерата кога веднаш престанале да пушат“, вели Линдсон-Хаули.
Научниците овој пат не ги зеле во предвид надоместоците за цигарите како што е електронската цигара за која допрва треба да се докажува дали е успешна метода од откажување на цигарите.
Но иако тие кои веднаш престанале да пушат имале подобри резултати, научниците велат дека ни резултатите на другата група не е воопшто лоша. Најавено е и продолжение на истражувањето во кое ќе се испитуваат различните методи на постепеното откажување од цигарите.
„Ако постојат луѓе кои мислат дека навистина не можат веднаш да престанат да пушат, но сакаат да престанат постепено, мораме да ги поддржиме во нивната намера“, вели Никола.