X
 10.02.2026 Вработување

М-НАВ бара 6 кандидати за обука за контролори на летање

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25), член 5, член 8 и член 9 од Колективниот договор на друштво и Анекс 1 бр.0101-1714/1 од 13.10.2023 година, бр.0101-1714/2 од 13.10.2023 година и бр.0101-1714/3 од 13.10.2023 година, Правилникот за систематизација на работните места на М-НАВ А.Д. – Скопје бр. 0201-183/4 од 01.02.2024 година – Пречистен текст (со измените), Правилник за стручно оспособување, проверки, дозволи и овластувања на персоналот на контрола на летање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 129/17, 89/18, 177/18 и 158/19), Правилник за контролори на летање и студенти контролори на летање (Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.121/25), Правилник за здравствена способност на персоналот во воздухопловството (Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.111/25), а согласно одлука од Управен Одбор бр.0201-1381/11 од 23.12.2025 година и добиената согласност од Министерството за финансии на РСМ бр.19-7145/2 од 02.07.2025 година, а наш арх.бр. 0302-705/4 од 02.07.2025 година, Акционерско друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 4/2025

ЗА ПРИЕМ НА 6 КАНДИДАТИ НА ОБУКА ЗА СТЕКНУВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА КОНТРОЛОР НА ЛЕТАЊЕ И ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

Акционерско друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација објавува оглас за прием на 6 (шест) кандидати на обука за стекнување дозвола за контролор на летање и вработување на определено време во времетраење од 1 (една) година со можност за продолжување на уште 1 (една) година, за следното работно место:

Студент контролор на летање, Центар за обука на КЛ, ПКЛ и FMP извршители, во Сектор за воздухопловна навигација 6 (шест) извршители.
Кандидатите потребно е да исполнуваат:

Општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен, а да нема наполнето 27 години;
– да има општа здравствена способност за работното место; и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:
– да има завршено најмалку IV степен на стручна подготовка;
– да има познавање на англиски јазик кое одговара најмалку на ниво Б2 (В2);
– да нема неуспешна обука на друго место за контрола на летање;
– успешно да го положи FEAST тестот во согласност со Еуроконтрол стандардите (повеќе информации може да се најдат на веб страната www.feast.info);
– валидно лекарско уверение за здравствена способност класа III.

Oпшти работни компетенции:
– способности и вештини, лични квалитети а особено: владеење на посебни вештини, работа на компјутери; вештини за брза обработка на информации; способност за размислување и изразување точно и логично; способност за работа во тим, но и самостојно.

Распоред на работно време:
• работни денови: понеделник-петок;
• работни часови: неделно 40;
• работно време: административно флексибилно работно време кое се одвива cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот;
• по потреба и во смени со неделно работно време кое изнесува 32 работни часа.
Паричен нето износ на плата: 83,681.00 денари

Општи информации за постапката за селекција на кандидатите:
Постапката за селекција на кандидатите ќе се спроведува во етапи. Секоја етапа е селективна, што значи дака во секоја наредна етапа ќе се повикуваат кандидатите кои ги исполниле условите од претходната етапа и тоа:

1. Благовремено доставување на пријава со бараните документи.

2. За пријавените кандидати М-НАВ АД Скопје по потрба може да спроведе предселекциски тестови.

3. Со најдобрите кандидати М-НАВ АД Скопје ќе се спроведе FEAST тестирање.

4. Кандидатите кои предходно го положиле FEAST тестот нема да бидат повторно тестирани, но може да конкурираат со веќе постигнатите резултати од тестирањето.

5. Кандидатите кои претходно полагале FEAST тестот и неположиле, потребно е да поминат најмалку 2 (две) години за овозможување на повторно тестирање.

6. Со најуспешните кандидати ќе се спроведе интервју од страна на Управниот одбор на друштво.

7. Најуспешните кандидати се упатуваат на лекарски преглед во овластена здравствена институција за утврдување на здравствената способност – лекарско уверение класа III, a трошоците настанати за лекарски прегледи на кандидатите ги сноси М-НАВ АД Скопје.

8. М-НАВ АД Скопје во постапка за вработување може да побара безбедносна проверка за најуспешните кандидати.

9. М-НАВ АД Скопје co кандидатите кои ќе ги поминат сите етапи ќе потпише договор за вработување на определено работно време во времетраење од 1 (една) година со можност за продолжување на уште 1 (една) година, период додека се на обука. Во договорот ќе бидат опфатени нивните права и обврски за целиот предвиден период, како и постапките во случај на еднострано раскинување на договорот. Договорот ќе го опфаќа целиот период до стекнување на Дозвола за контролор на летање во М-НАВ АД Скопје. Работодавачот има право со работникот кој ќе се стекне со Дозвола за контролор на летање да склучи договор за вработување на неопределено време согласно Законот за работни односи, Колективниот Договор на М-НАВ А.Д – Скопје, Правилникот за систематизација на работни места во М-НАВ АД Скопје, законските и другите прописи и акти, доколку за склучување на договорот добие согласност од Министерството за финансии на РСМ. Работникот што ќе се вработи на неопределно работно време, ќе има обврска да биде во работен однос во М-НАВ АД Скопје наредните 10 години.

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверени на нотар:

– пријава за вработување (пријавата може да се симне на веб страната на М-НАВ АД Скопје www.mnavigation.mk);
– извод од матичната книга на родените;
– уверение за државјанство;
– доказ за завршено образование најмалку IV степен на стручна подготовка;
– сертификат за познавање на англиски јазик кое одговара најмалку на ниво Б2 (certificate B2);
– уверение од кривична евиденција (не постаро од 6 месеци);
– потврда од казнена евиденција (не постаро од 6 месеци);
– yверение дека не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за
вршење на професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци);
– aко кандидатот претходно го полагал FEAST тестот треба да достави изјава кога и каде (место, организација) го полагал тестот.

Заинтересираните кандидати потребната документација заедно со пријавата можат да ја поднесат во просториите на М-НАВ АД Скопје или по пошта на адреса: ул. Македонија бр.25, објект Лазар Поп Трајков, 1000 Скопје, секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (07:30 часот – 15:30 часот) со назнака „за оглас број 4/2025“.

Рокот за поднесување на пријавите и потребната документација трае до 20 февруари, а изборот ќе се изврши имајќи го предвид бројот на пријавените кандидати и тоа доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Пријавите што нема да бидат поднесени на утврдениот poк и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и истите нема да се разгледуваат.

Контакт лице за дополнителни информации Иво Паскалов, тел. 075 444 381 и 02 31 48 253, е-пошта: ivo.paskalov@mnavigation.mk и Xhultene Tershani тел. 076 330 055 и 02 32 51 811, е-пошта: djultene.tershani@mnavigation.mk.

НАПОМЕНА!
Кандидатите за кои ќе се утврди дека предходно го полагале FEAST тестот и не го положиле, а истото не го пријавиле ќе бидат дисквалификувани.

М-НАВ АД Скопје
Активен до:    20.02.2026

Издвојуваме

Вработување