Доколку размислувате за студирање во странство, Словенија е одлична дестинација која нуди висококвалитетни студии, европска диплома и многу други предности, кои произлегуваат од студентскиот статус.
Еден од најуникатните универзитети во Словенија, кој им нуди на своите студенти можност да извлечат најмногу од своите студии, е малиот, бутиков универзитет – Универзитетот во Нова Горица. Тој е интернационално ориентиран универзитет кој се наоѓа во Западна Словенија, на границата со Италија. Градот Нова Горица е навистина извонредно место за студирање бидејќи заедно со соседниот италијански град Гориција формира една заедничка, безгранична конурбација и дури делат заеднички плоштад. Нова Горица и Гориција беа првата прекугранична европска престолнина на културата во 2025 година. Како последица на тоа, и во 2026 година во двата града ќе се одржуваат многу настани и активности за студентите.
Универзитетот во Нова Горица беше основан во 1995 година, што значи дека во 2025 година ја слави својата 30-годишнина. Тој се состои од седум факултети што нудат 7 додипломски, 9 магистерски и 8 докторски студиски програми кои ги опфаќаат природните науки, инженерството, менаџментот, биотехничките науки, хуманитарните науки и уметноста. Додипломските студиски програми траат 3 години, магистерските 2 години, а докторските 4 години. Секоја од нив е ECTS-акредитирана.

Висококвалитетни студии и индивидуален пристап
Главната предност на студирањето на нашиот универзитет е дефинитивно индивидуалниот пристап кон нашите студенти. Универзитетот е релативно мал и студирањето се одвива во мали групи - студентот никогаш не е „само број“. Блискиот однос меѓу професори и студенти, благодарение на малите групи, овозможува професорите да ги запознаат сите свои студенти, да го следат нивниот напредок и да ги насочуваат кон активности што ги развиваат нивните таленти. Практично ориентираните студии се уште една причина за голем број млади потенцијални студенти од Словенија и странство да го изберат нашиот универзитет. Повеќето од нашите студиски програми, вклучително и додипломските, имаат практични стажирања, работа на проекти, работа на терен и др., преку кои студентите се стекнуваат со искуство, разни дополнителни меки вештини, како и контакти со потенцијални работодавци.
Универзитетот во Нова Горица е особено познат по своите најсовремени истражувачки достигнувања, a нашата современа опрема за истражување е достапна и за студентите што сакаат да се вклучат во светот на науката и да го искористат максимумот од своите студии. Исто така, голема предност е тоа што сите истражувачки центри и лаборатории на универзитетот се наоѓаат во објектите на самите факултети, па така сите лабораториски вежби кои се дел од студиските програми се одвиваат овде. Студентите учат од реномирани научници кои доаѓаат од целиот свет и можат да учествуваат во интересни проекти заедно со партнерите на универзитетот - познати меѓународни научни соработувања.
Една од најинтересните можности за студентите да ја користат истражувачката опрема е да учествуваат во некомерцијалниот едукативен астрофизички проект GoChile (https://gochile.si/). Преку овој проект студентите можат да учествуваат во бесплатни астрономски набљудувања на небото со далечинско управување со роботскиот телескоп GoChile во Чиле, Јужна Америка, кој таму беше инсталиран од Универзитетот во Нова Горица и соработничкото астрономско списание „Спика“.
Бесплатни студии и други предности на студирањето на Универзитетот во Нова Горица
Како резултат на меѓудржавните договори помеѓу Северна Македонија и Словенија, македонските државјани се ослободени од плаќање школарина за редовни додипломскии и магистерски студиски програми кои се кофинансирани од државата. Единствениот трошок е таканаречениот уписен трошок од 15 евра по академска година, кој ги покрива административните трошоци, како што е издавање студентска картичка за идентификација и друго.
За упис не се потребни приемни испити, критериумите за запишување на додипломски студии се засноваат на општото достигнување од матурата/завршниот испит од средното образование, како и просечната оценка од трета и четврта година. Само кандидатите за Академија за уметности треба да го положат таканаречениот тест за способност, но тоа може да го направат преку интернет (CV, портфолио, интервју, дополнителна задача). Кандидатите не мора да имаат претходно познавање на словенечкиот јазик, иако тоа е добредојдено. На располагање им е и бесплатен курс по словенечки јазик како изборен предмет на многу студиски програми.
Освен тоа, Фондацијата на Универзитетот во Нова Горица секоја година на своите студенти им нуди разновидни стипендии – стипендии за талентирани студенти, стипендии за одбрани магистерски студии и стипендии за студенти спортисти. Нашиот универзитет е познат во Словенија и во странство како исклучително спортски пријателски универзитет бидејќи на спортистите им нуди специјално приспособени студиски режими и формален статус на студент спортист, што им овозможува да ги комбинираат своите спортски кариери и студии, па дури и да аплицираат за стипендии.
Друга предност на нашиот универзитет е и фактот дека студентите можат да учествуваат во меѓународни размени – како за студирање така и за пракса – што е одличен начин за стекнување дополнително знаење, интернационално искуство и нови пријателства. Освен Еразмус+ и другите програми за мобилност, постојат и други интересни опции за стекнување нови знаења во странство, како што се летните школи во рамките на Алијансата на европските прекугранични универзитети ACROSS, чиј член е и Универзитетот во Нова Горица. Меѓународните студенти не треба да се грижат за нивното почетно познавање на словенечкиот јазик – на нашиот универзитет од кандидатите не се бара да имаат претходно знаење на словенечкиот јазик, иако тоа е добредојдено. Новиот Јазичен центар на универзитетот нуди бесплатни курсеви по словенечки јазик за нив и програма Leto+/Year+ за интензивно учење словенечки јазик.
Други бенефиции за студентите се: пристапни цени за сместување во нашиот регион, студентски оброци кофинансирани од државата, други студентски попусти, можности за студентска работа и великодушноста на општината Нова Горица во обезбедување бесплатен локален градски превоз за сите – нашиот регион привлекува сè повеќе и повеќе странски студенти да студираат овде.
Како да аплицирате?
Постапката на аплицирање е лесна и кандидатите се пријавуваат преку интернет, преку националниот онлајн систем за аплицирање, наречен eVŠ. Во роковите за аплицирање тие треба да го пополнат формуларот за аплицирање преку интернет, а сите потребни документи да ги достават подоцна. Линкот до формуларот за аплицирање eVŠ може да се најде на веб-страницата на Универзитетот, а нашата студентска канцеларија (studentska.pisarna@ung.si), доколку е потребно, може да им помогне на кандидатите да го пополнат. Со оглед на тоа штo целата процедура за аплицирање е лесна и бидејќи формуларите се достапни на англиски јазик, на кандидатите не им е потребна надворешна помош од агенции кои се плаќаат.
Универзитетот во Нова Горица има три повици за аплицирање за граѓани од земји кои не се членки на ЕУ, плус последниот повик за пополнување слободни места. Првиот повик за запишување во академската 2026/2027 година ќе биде отворен од 18 февруари до 18 март 2026 година, вториот од 1 април до 1 јули 2026 година, третиот од 1 август до 1 септември 2026 година и последниот повик за пополнување на слободни места од 10 до 25 септември 2026 година (до 10:00 часот).
За запишување во академската 2026/2027 година, имаме 10 % места на располагање за редовни студенти од земји кои не се дел од Европската Унија (во зависност од студиската програма). Но доколку има слободни места во ЕУ-квотите, студентите од земји што не се членки на ЕУ можат да ги преземат и тие места.
Покана до сите потенцијални студенти од Северна Македонија
Висококвалитетните студии, индивидуалниот пристап кон студентите и уникатната локација на универзитетот – покрај културно-богатата гранична линија помеѓу Словенија и Италија, ги привлекуваат студентите да студираат овде. Мило ни е што македонските студенти уживаат во својот период на студирање во Нова Горица и дефинитивно за нас е достигнување да слушнеме од работодавците на нашите дипломци кои нашле работни места во нивните родни земји дека ги имаат сите потребни знаења и вештини и дека на тој начин можат да придонесат и за развој на нивната татковина. Затоа, со задоволство покануваме уште повеќе потенцијални студенти од Северна Македонија да ни се придружат и да ги развијат своите силни страни и таленти во нашиот студентско-пријателски универзитет.
Последно, но не и најмалку важно, Словенија е и една од најбезбедните и најчистите земји во светот, со високи стандарди на социјална и студентска благосостојба, во што студентите можат да уживаат.
Сите потенцијални студенти се поканети и топло добредојдени на нашиот онлајн информативен ден за македонските кандидати, кој ќе биде организиран на 13 февруари 2026 година. Исто така, ве покануваме да присуствувате на информативните денови на нашите факултети.
Повеќе информации за програмата и линкови за регистрација за учество на настаните можете да најдете тука.
Вероника Пичинини, јануари 2026
UNIVERZA V NOVI GORICI
Vipavska cesta 13
Rožna Dolina
SI-5000 Nova Gorica, Slovenija
www.ung.si
Служба за запишување: studentska.pisarna@ung.si
Контакт тел.: +386 (0)5 3315 234/+386 (0)5 9099 717
Студентски сведоштва:
Здраво! Јас сум Гала Христова и потекнувам од Скопје, Македонија. Сега ќе бидам втора година на Факултетот за инженерство и менаџмент, дел од Универзитетот во Нова Горица. Наставата и студентскиот живот се одвиваат во Випава – прекрасно мало гратче, опкружено со виногради и природни убавини, кое нуди мирна и инспиративна средина за студирање. Замокот „Лантиери“, во кој се одвиваат предавањата, со својата историја и восхитувачка барокна архитектура дополнително го исполнува секојдневието со една посебна магија. Факултетот за инженерство и менаџмент е уникатна средина каде што се спојуваат прецизноста на техничките науки и креативноста на менаџментот. Она што многу ме воодушевува е атмосферата меѓу студентите – колегите се супер, секогаш подготвени за соработка и поддршка. Како посебна предност на студиите би ја истакнала блиската соработка со професорите, која е возможна токму поради тоа што факултетот има мал број студенти. Ова создава чувство дека учиш речиси „еден на еден“ со професорите, што значи повеќе внимание, разбирање и можност да се навлезе подлабоко во секоја тема. Наставата не е само теоретска – таа е обликувана на начин што секогаш нуди простор за дискусија и критичко размислување. Дополнително, факултетот е истражувачки ориентиран, што им отвора на студентите можности да се вклучат во разни проекти, да стекнат нови корисни искуства и да стапат во непосреден контакт со науката, која е предмет на студирање. Овој факултет не е само место каде што ќе се стекнеш со нови знаења, туку и средина која несомнено ќе те поттикне да растеш, да се подобруваш и да започнеш со градење на својата кариера. Што чекаш? Придружи ни се и стани дел од оваа приказна што отвора многу врати кон иднината!
Гала Христова, студентка на додипломската студиска програма Инженерство и менаџмент, Факултет за инженерство и менаџмент, Универзитет во Нова Горица

Гала Христова
Фото: Архива на Гала Христова

Еден од универзитетските кампуси – замокот Лантиери во Випава
Фото: Миха Годец
Теренската работа е важен дел од стекнувањето практични искуства. Мерење на квалитетот на водата во реката Випава
Фото: Лука Карлеварис
На студентите при работата во истражувачките центри на Универзитетот на располагање им е најсовремена истражувачка опрема
Фото: CasarsaTinta Fotostudio
Соработката на студентите на настанот „Парада на учење 2025“ – претставување на меѓународните активности на Алијансата на европските прекугранични универзитети ACROSS, чиј член е и Универзитетот во Нова Горица
Фото: Архива на УНГ
(Комерцијална објава)