X
 10.03.2022 Живот

Blue Travel осигурување за безгрижно патување во странство

Патувањата во странство најчесто се поврзуваат со позитивни и пријатни искуства и спомени. Меѓутоа, во кој било момент можете да бидете изненадени од непредвидени и неочекувани настани. Патувањата од секаква природа се веќе неопходност по долгиот период на апстиненција и одложување, без разлика дали се приватни или деловни. Граѓаните имаат потреба да патуваат и да се чувствуваат безбедно и сигурно каде и да одат, дури и во услови на пандемија.

Патничкото осигурување од Кроација овозможува безгрижност при патувањата од каква било природа, проследено со целосна асистенција и со сите потребни чекори и неопходни информации поврзани со здравствени протоколи во земјата каде што престојува осигуреникот.
Полисата за патничко осигурување овозможува заштита и сигурност во текот на привремен престој во странство и гарантира покривање евентуални трошоци во случај на неопходна медицинска помош заради незгоди и несакани настани. Треба да се има предвид дека постојат различни нивоа и видови покритија кај патничкото осигурување. Токму затоа треба да се избере она што најмногу одговара за конкретното патување.

Кроација осигурување во пресрет на годишните одмори кои многумина веќе почнаа ги планираат, подготви три Blue Travel пакети создадени во согласност со различните потреби на клиентите. Сите пакети вклучуваат осигурително покритие за ковид-19 до 10.000 € со можност за територијално покритие за Европа или цел свет.

Основниот пакет Blue Travel S опфаќа покритие за здравствена помош при патување во странство, што вклучува трошоци за лекување како последица на болест или незгода, трошоци за итно лекување заб, замена на очила како последица на незгода, но и трошоци за посета на пациент хоспитализиран во странство (превоз и сместување во хотел). Полисата вклучува и надомест на телефонски трошоци, како и трошоци за враќање во земјата на деца до 14 години.

Пакетот Blue Travel M е идеален за сите оние што планираат да патуваат со авион до која било дестинација. Покрај основното покритие за здравствена помош при патување во странство, опфаќа и осигурување на багаж од оштетување и кражба од возило или при природни катастрофи, во случај на задоцнето пристигнување на багажот, како и покритие за повторно издавање на загубени документи во странство.

Пакетот Blue Travel L, пак, покрај горенаведените покритија, опфаќа и осигурително покритие за последици од незгода или несреќен случај.

Сите пакети од понудата Blue Travel може да се купат брзо и едноставно онлајн преку moja.croatia.mk или во која било филијала на Кроација осигурување почнувајќи од 1€. На клиентите 24/7 им стои на располагање и Асистентскиот центар за помош и информации за здравствените протоколи во земјата на престој.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот